Австралија по втор пат му ја одзема визата на Ѓоковиќ – но нема да го притвори вечерва

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:19

Австралија по втор пат му ја одзема визата на Ѓоковиќ – но нема да го притвори вечерва

Новак Ѓоковиќ нема да биде притворен вечерва од австралиските власти и покрај дискреционата одлука на Австралискиот министер за имиграција, која ја донесе денеска попладнево по локално време.

Ова го потврди претставникот на австралиската влада на сослушувањето пред судијата Кели, по поднесената жалба на адвокатите на најдобриот светски тенисер.

Светскиот број 1 слета во Австралија пред една недела, а претставниците на австралиските гранични сили му ја откажаа визата за влез во земјата бидејќи не е вакциниран против Ковид-19.

Откако Ѓоковиќ помина еден викенд во притвор за имиграција, одлуката за укинување на визата од страна на Владата беше поништена од Федералниот окружен суд.

Но, во петокот попладне, министерот за имиграција Алекс Хок ги искористи своите дискрециони овластувања.

„ГО ИСКОРИСТИВ СВОЕТО ОВЛАСТУВАЊЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ИМИГРАЦИЈА ЗА ДА ЈА ПОНИШТАМ ВИЗАТА ШТО ЈА ИМАШЕ НОВАК ЃОКОВИЌ. ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ И ВО ИНТЕРЕС НА ЈАВНИОТ РЕД, ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС. ПРИ ОВАА ОДЛУКА, ВНИМАТЕЛНО ГИ РАЗГЛЕДАВ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, АВСТРАЛИСКИТЕ ГРАНИЧНИ СИЛИ. ВЛАДАТА НА МОРИСОН Е ЦВРСТО ПОСВЕТЕНА НА ЗАШТИТАТА НА ГРАНИЦИТЕ НА АВСТРАЛИЈА, ОСОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА“,ТВРДИ ХОК ВО СООПШТЕНИЕТО.

Во текот на расправата во Судот, адвокатите на Џоковиќ побараа тој да биде на слобода додека не биде донесена конечната одлука, за да не се прави медијски циркус.

Претставникот на министерот одговори дека државата бара Ѓоковиќ да остане во притвор кај адвокатите се до 22 часот вечерва, односно рано наутро по австралиско време, кога ќе се разгледува жалбата на правниот тим на српскиот тенисер, по што би бил притворен од властите.

Судијата предмалку прогласи пауза, а во текот на расправата, адвокатите на на Новак Ѓоковиќ посочија дека според аргументите на Министерот Хок, неговото присуство во државата ќе ги охрабри анти-ваксерите во Австралија, што е целосно поинакво од претходните тврдење на властите. Министерот, тврди одбраната,  при тоа сосема ирационално не зема предвид каков ефект врз анти-ваксерите ќе има протерувањето на човекот кој има природен имунитет, навел и причини заради кои не може да се вакцинира и претходно добил и дозвола за престој во Австралија од две независни комисии.

Правниот тим на Ѓоковиќ посочи и дека очекуваат брзо решавање на целиот случај во текот на викендот, земајќи предвид дека отвореното тениско првенство на Австралија започнува во Понеделник.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:19