Бугарија повторно оди на избори, Радев назначи преодна влада која ќе треба да ги организира изборите

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:09

Бугарија повторно оди на избори, Радев назначи преодна влада која ќе треба да ги организира изборите

На втори октомври Бугарија повторно оди на избори, четврти за година и половина. Откако трите најголеми партии во Бугарија едно по друго му ги вратија мандатите за формирање на влада на бугарскиот претседател Румен Радев, тој денеска донесе одлука, утре, на 2 август да го распушти бугарскотот Собрание и ги закажа новите парламентарни избори за два месеци.

Истовремено Радев назначи и преодна влада која ќе треба да ги организира изборите, а на чие чело го постави Галаб Донев, 55-годишен економист, кој во својата професионална биографија запишал дека бил заменик-минитер за труд и социјална политика од 2014 до 2016, а бил дел и од двете преодни влади кои ги назначи Радев од мај до декември минатат година.

Дека Радев и овојпат ќе ги влече конците во новата преодна влада, како што беше случајот и претходната техничка влада на Стефан Јанев покажува и тоа што Радев, што освен свој проверен кадар за технички премиер, за технички министер за одбрана го поставува својот генерален секретар, Димитар Стојанов. Радев инаку влезе во отворен конфликт со поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, токму околу прашањата поврзани со одбраната, за испраќањето на воена помош за Украина. Радев остро се противеше на воена помош за Украина, со објаснување дека тоа само ќе го продолжи конфликтот таму.

На чело на бугарската дипломатија до формирањето на новата влада пак ќе застане  65-годишниот Николај Милков, кој 25 години работи во бугарскотот МНР во кој период ја зивршувал и функцијата заменик-министер за надворешни работи задолежен за европските земји и за Југоисточна Европа.

Инаку Бугарија од минатиот април е во политичка криза поради неможноста на партиите да формираат влада или да ја задржат подолго на власт формираната владина коалиција. По два неуспешни обиди, во декември му успеа на Крил Петков од новоформираната партиија „Продолжуваме со промените“ да создаде тенко мнозинство во Собранието, кое траеше шест месеци и заврши со изгласување на недоверба на владата на Петков. Петков освен со Радев по прашањето на воената помош за Украина, влезе во отворен судир со својот коалициски партнер „Има таков народ“ кој го обвини Петков за двојна политика на Македонија, а Петков него возвратно за минирање на владината борба против корупцијата.

Паѓањето на владата на Петков за Бугарија ќе значи повторно застој во функционирањето на институциите, особено во делот на носењето на клучни политики, што во услови на глобална економска и енергетска криза може негативно да се рефлектира врз економијата на земјата.

Радев утре свечено ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:09