Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата Дигитална Европа

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:12

Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата Дигитална Европа

Владата денеска усвои Информација за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација.

СО УСВОЈУВАЊЕ НА ОВАА ИНФОРМАЦИЈА, ВЛАДАТА ГО ЗАПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ НА ПРЕГОВОРИ СО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА DIGITAL. ОВА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ КАЈ СИТЕ КОМПАНИИ, ИНСТИТУЦИИ И ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ЌЕ АПЛИЦИРААТ СО ПРОЕКТИ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПОВИЦИТЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА, СООПШТИ ВЛАДИНАТА ПРЕС-СЛУЖБА.

Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, како клучни чекори кон унапредување на живеењето и работењето, особено кога пандемијата со КОВИД-19 ни покажа колку е важен развојот и познавањето на технологијата, како и колку е важно Европа да не зависи од системи и решенија кои доаѓаат од други региони во светот. Обезбедува стратешко финансирање поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку дигиталните иновациски хабови.

Целта е, велат од Владата, да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија.

Членки во програмата се сите ЕУ- земји, дополнително, членки се и сите земји од Европската Економска Заедница, а постои можност и за покажување интерес и членство и на земји кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:12