Владата е подготвена за измени на Изборниот законик но бара консензус од големите партии

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:11

Владата е подготвена за измени на Изборниот законик но бара консензус од големите партии

Потребен е дијалог и отворена дебата за измени на Изборниот законик а не давање услови.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека Владата е подготвена за разговори но последниот збор го имаат големите политчки партии без чија согласност не може да се менуваат изборните правила.

Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со  пропорционален модел без изборен праг.

Доколку до 15 април не се донесат измените тие најавија дека ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.

Партиите не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите , да зависат и коалицираат постојано со нив.

Бараат да се демонтира монополот на четирите партии кои 30 години владеат во државата.

Иако предлог измените на Изборниот Законик се поднесени пред речиси една година , во овој период големите партии преку работните групи не успеаа да ги усогласат ставовите  за изборниот модел .

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:11