ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски да го отфрли францускиот предлог

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 18 Qershor, 2022 20:49

ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски да го отфрли францускиот предлог

Иако, францускиот предлог се уште не е испратен до македонската влада, опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски бара веднаш да го отфрли.

Од тоа што беше пренесено во медиумите, францускиот предлог е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања, без какви било гаранции за Македонија, велат од партијата.

„НАМЕСТО ДА МОЛЧИ КОВАЧЕВСКИ ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА ГО ОТФРЛИ ПРЕДЛОГОТ КОЈ БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ОД МЕДИУМИТЕ. ЗОШТО МОЛК И ДАЛИ МОЛКОТ ЗНАЧИ СОГЛАСНОСТ НА СДСМ И КОВАЧЕВСКИ СО КАПИТУЛАЦИЈАТА КОЈА И СЕ СПРЕМА НА МАКЕДОНИЈА. ДАЛИ СДСМ ЌЕ ПРИФАТИ ТИВКА БУГАРИЗАЦИЈА ИЛИ ЦЕЛОСНО ОТФРЛАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ПРОЦЕСОТ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ? ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ ВО ПАРТИСКОТО СООПШТЕНИЕ.

Опозицијата констатира и дека францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски, поради што треба да си даде оставка веднаш.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 18 Qershor, 2022 20:49