Во тешка автобуска несреќа во Хрватска загинаа 12 патници од Полска

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 6 Gusht, 2022 20:03

Во тешка автобуска несреќа во Хрватска загинаа 12 патници од Полска

Стравична автобуска несреќа се случи утринава на автопатот А4 меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец, во Хрватска. 12 луѓе го загубија животот откако автобусот со полски национални регистарски таблички од засега непознати причини излетал од патот. Се претпоставува дека возачот заспал на воланот, иако ова го демантираа од транспортната компанија „Мегапол“ од Полска од каде уверуваат дека возачите биле не биле почетници и шансите да заспијат над воланот се никакви.

Инцидентот кај надлежните го пријавила државјанка од Полска која патувала со автобусот.

ВО ОВИЕ МОМЕНТИ ЗНАЕМЕ ДЕКА АВТОБУСОТ ТРГНАЛ ОД МЕСТОТО ОДНОСНО РЕГИСТРИРАН Е ВО МЕСТО ВО БЛИЗИНА НА ВАРШАВА. СПОРЕД НЕКОИ ИНФОРМАЦИИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ГРУПА КОЈА ПЛАНИРАЛА ДА ОДИ НА АЏИЛАК ВО МЕЃУГОРЈЕ., СООПШТИ МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДАВОР БОЖИНОВИЌ.

 Автобусот превезувал верници кои требале да стигнат до католичкото свето место Меџугорје на југот од Босна и Херцеговина. Меѓу загинатите имало тројца свештеници и шест калуѓерки, но нема деца. Повредените се превезени во пет болници, и од нив 19 се во критична состојба.

ЗА ЖАЛ ПРВИЧНО БЕА 33 ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ НО ПОДОЦНА НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ЗАГРЕБ ЕДНО ИМ ПОДЛЕГНА НА ПОВРЕДИТЕ, ПА ВО ОВОЈ МОМЕНТ ИМАМЕ 32 ПОВРЕДЕНИ, ПОЧИНАТИ СЕ 12 ЛИЦА, ЕДНО ЛИЦЕ ПОВЕЌЕ ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНИТЕ ИНФОРМАЦИИ, И ИМАМЕ 19 ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ И 12 СО ПОЛЕСНИ ПОВРЕДИ. ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ВАРАЖДИН СЕ СМЕСТЕНИ 11 ПАЦИЕНТИ, ОД НИВ 5 СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ, И КОИ СЕ СМЕСТЕНИ ВО ЕДИНИЦИТЕ ЗА ИНТЕНЗИВНО ЛЕЧЕЊЕ, И 6 СЕ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ РАСПОРЕДЕНИ ПО ДРУГИТЕ ОДДЕЛИ, СООПШТИ ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ВИЛИ БЕРИШ.

Први кои пристигнале на местото на несреќата биле локалните пожарникари. Еден од нив сведочи дека автобусот се забил во бездната, и целиот преден дел од него наликувал како да удрил во ѕид. Еден од возачите излетал од ветробранското стакло, а другиот бил во автобустот. „Ги извлекувавме мртвите од под автобусот, и им помагавме на повредените. Ваков хорор немам доживеано откако сум пожарникар, а имам 60 години“, сведочи за Јутарњи Лист командирот на локалната противпожарна единица.

Од полското министерство за инфраструктура известија дека автобусот бил регистриран во Полска и ги поминал сите пропишани контроли, а повеќе информации се чека по анализата на апаратите за снимање присутни во автобусот.

Сообраќајот е особено густ во текот на летните месеци по патиштата во Хрватска, кои секоја година пречекуваат милиони туристи, особено на Јадранскиот брег. Полските туристи се меѓу најбројните: меѓу јануари и јули, повеќе од 580.000 полски туристи ја посетиле Хрватска.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 6 Gusht, 2022 20:03