Во Шпанија 22 случаи на акутен хепатитис

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:40

Во Шпанија 22 случаи на акутен хепатитис

Во Шпанија се потврдени 22 случаи на акутен хепатитис од непознато потекло. Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, на континентот има најмалку 102, а во Велика Британија 163 случаи.

Во Шведска има девет, Португалија осум, Холандија шест, Белгија три, Австрија и Франција по два, Германија и Полска по еден. Во Италија има 35 евидентирани случаи.

Единаесет деца под 16 години во Велика Британија имаат потреба од трансплантација на црн дроб, додека во Шпанија сè уште нема такви компликации.

Според педијатри, најверојатно причината за хепатитисот е Аденовирус 41 кој е пронајден кај пациентите и досега никогаш не бил поврзуван со хепатитис поради што не може да станува збор за случајност. Тие повикаа на смиреност, со цел здравствените власти да можат да си ја вршат својата работа.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:40