Голем шумски пожар во Мармарис
Во пожарот во Мармарис со воздушни сили од 20 хеликоптери и 14 летала почна да интервенира Генералната дирекција за шумарство.
Според информациите добиени од претставници на Министерството за земјоделство и шумарство, околу 1600 луѓе учествуваат во гасењето на шумскиот пожар што избувна во вечерните часови во заливот Амазон во областа Мармарис во Мугла.
363 возила и 39 градежни машини се вклучени во гасење во пожарот, на кој во текот на ноќта беше интервенирано од копно.
Министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу со хеликоптер изврши увид на огненото подрачје.