Државата плаќа пест милиони евра буџетски пари за парното преку АД ЕСМ за БЕГ

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:49

Државата плаќа пест милиони евра буџетски пари за парното преку АД ЕСМ за БЕГ

По одлуката на владата стаса и сумата. Со 6 милиони евра буџетски средства ќе се плаќа разликата од реалната и постојната цена за топлинска енергија за сметките за парно на граѓаните. Владата субвенционира, државната АД ЕСМ ќе ги добие средствата, но и управувањето со приватните компании БЕГ и Скопје Север, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на општина Сарај. Уверува дека 6 милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона заклучно април согласно анализата на постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.

ЌЕ ВИДИМЕ КАКО ЌЕ СЕ ДВИЖАТ И ФЈУЧЕРСИТЕ ПОСЕБНО ЗА МЕСЕЦИТЕ ФЕВРУАРИ И МАРТ И ОТКАКО ЌЕ ИМАМЕ ПОНУДИ СЕКАКО ДЕКА МОЖЕ ТОА ДА БИДЕ И ПОМАЛКУ, А МОЖЕ ДА БИДЕ И ПОГОЛЕМА ЦЕНАТА ШТО ЌЕ НЀ ЧИНИ. НО, НАЈВЕРОЈАТНО СОГЛАСНО СИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА ЦЕНИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОМАЛИ ОД ТОА ШТО БЕА ЗА ЈАНУАРИ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ.

Договорот кон приватните снабдувачи со топлинска енергија го срочил ЕСМ, со кој финасиското работење комплетно ќе го превземе ЕСМ бидејќи парите нема да легнуваат на сметката на БЕГ. Средствата ќе се црпат од ставка во Буџетот за 2022 година каде има 100 милиони евра наменети за справување со пандемијата на коронавирусот и енергетската криза. Државната ЕСМ доби и дополнителни 10 милиони евра за редовни набавки на енергенси. Бектеши, гарантира дека ЕСМ има и доволно количини на јаглен за производство на електрична енергија.

КАКО ШТО МЕ ИНФОРМИРА КОМИСИЈАТА КОЈА ЈА СЛЕДИ СИТУАЦИЈАТА ВО ДЕЛОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА, И ВО ТОПЛИНСКАТА И ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, МОЖАМ САМО ДА ВЕ ИНФОРМИРАМ ДЕКА НА ДЕПОНИЈА ИМАМЕ ОКОЛУ 250 ИЛЈАДИ ТОНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА РЕК БИТОЛА ШТО ПРЕД ТРИ-ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ НЕ НАДМИНУВАШЕ НИ 40 ИЛЈАДИ ТОНИ. КОЛИЧИНИТЕ СЕ И НАШИ И ОД УВОЗ. СО ОВИЕ 250 ИЛЈАДИ ТОНИ РЕК БИТОЛА РАБОТИ ВО КОНТИНУИТЕТ, А ДОПОЛНИТЕЛНО ТИЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО АКО ИМА ПОТРЕБА И АКО НОМИНАЦИИТЕ ЗА НЕКОЈ ДЕН БИ БИЛЕ ПОГОЛЕМИ, ПОТЕНЦИРА БЕКТЕШИ.

Сепак, обврската за сите трошоци за набавка на гас заклучно со 21 јануари, БЕГ и Скопје Север ќе си ги платат сами, одлучи владата откако минатата недела донесе одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје. Одлуката следеше по бурните реакции на јавноста дека граѓаните не ја добиваат соодветната топлинsка енергија, а утрата ги дочекуваа со ладни или млаки радијатори.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:49