Една година од прогласувањето на Шар Планина за националниот парк, установата има само директор и ниту еден друг вработен

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:29

Една година од прогласувањето на Шар Планина за националниот парк, установата има само директор и ниту еден друг вработен

Без активности на терен една година откако Шар Планина е прогласена за заштитено подрачје. Досега биле направени само подготовки, за денес Нацрт- планот за управување со Националниот парк да биде ставен на јавна расправа. Со него се предвидува, покрај досегашниот 1 вработен, односно директорот на Установата, да бидат ангажирани 15 лица, вклучително и ренџери. Од идната недела ќе бидат отворени и канцеларии.

Надлежните свесни дека се доцни, но велат дека било потребно време.

ПРВПАТ ОД 1956 ГОДИНА НИЕ ДА КРЕИРАМЕ НАЦИОНАЛЕН ПАРК И НИЕ СИТЕ ЗАЕДНО ЈА УЧИМЕ ПРОЦЕДУРАТА. ВАЖНО Е ДА БИДЕ УСПЕШЕН НА КРАЈ, ИАКО ДОЦНИМЕ МАЛКУ, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМАМЕ АКТИВНОСТИ, ДИРЕКТОРОТ И ЕКИПАТА НОН СТОП СЕ НА ТЕРЕН. УТРЕ ЌЕ ИМАМЕ ЕДЕН ПЛАН, ДЕНЕСКА ДЕБАТИРАМЕ ЗА ТОА, СИТЕ ДА БИДЕМЕ ЗАДОВОЛНИ, И ГРАЃАНИТЕ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ШАРА, ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ, НАСЕР НУРЕДИНИ.

ОЧЕКУВАМЕ СЕГА БРЗО И КАНЦЕЛАРИИТЕ ДА ГИ ДОБИЕМЕ, РЕНЏЕРСКАТА СЛУЖБА И ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ, СЕКАКО ВЕРУВАМ ЗА БРЗО ВРЕМЕ И ТИЕ ЌЕ БИДАТ НА ТЕРЕН, ОЧЕКУВАМЕ ДОБРА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНИТЕ И СО РЕЗИДЕНТНИТЕ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК, ТИЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ ЧУВАРИ НА ШАР ПЛАНИНА, РЕЧЕ ИБРАХИМ ДЕХАРИ, В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈУ НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“.

Планираните велат дека Шар Планина е во најлоша состојба досега. Продолжува дивата сеча, градењето дивоградби, хидроцентрали и отворањето патишта. Паркот ќе има поддршка од нив, но потребно е сите институции да бидат вклучени.

ОГРОМЕН РЕОН ИМАМЕ НА ШАРА, ЗА ДА СЕ ПОКРИЕ ТРЕБА МИНИМУМ 80 РЕНЏЕРИ, ПОВЕЌЕ ОД 20 ВОЗИЛА, КОИ ЌЕ ГЛЕДААТ КАКО СЕ РАБОТИ, ИНФО ЦЕНТРИ И СЛ. СВЕСНИ ТРЕБА ДА БИДЕМЕ СИТЕ, ДА ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК, ДА ГИ ПРИТИСКАМЕ ДРУГИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА БИДАТ НАСОЧЕНИ КОН ЗАШТИТАТА И ПОБРЗО ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ВРАБОТУВАЊЕ И СЕ ШТО ТРЕБА ДРУГО ЗА ДА МОЖЕ ПОБРЗО ДА ФУНКЦИОНИРА, ВЕЛИ ЈОВАН БОЖИНОВСКИ ОД ПЛАТФОРМАТА „ПРИЈАТЕЛИ НА ШАРА“.

Националниот парк Шар Планина зафаќа површина од 62 705 ха, а идниот економски развој и заштитата на природните вредности се дефинирани во 4 зони на заштита.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:29