ЕУ: Владеењето на правото е приоритет, прашањето да го решат надлежните институции

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 5 Gusht, 2022 20:01

ЕУ: Владеењето на правото е приоритет, прашањето да го решат надлежните институции

Европската унија го следи јавниот судир мегу шефицата на обивнителството за гонење организиран криминал и директорот на финансиска полиција но оставаат надлежните во земјава да го расчистат овој конфликт. Потенцираат и дека владеењето на правото е приоритет за ЕУ.  Ова е дел одговорот за медиумите откако Русковска која побара меѓународна помош и се пожали на притисок од Муареми кој најави и кривични пријави за обвинителките  кои стојат зад претресот во институцијата што тој ја предводи.

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВНИМАТЕЛНО ГО СЛЕДИ РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НЕОДАМНЕШНАТА ЈАВНА РАЗМЕНА НА ИЗЈАВИ. СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО Е ЕДЕН ОД НАЈВИСОКИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА ЕУ. ТОА Е СУШТИНСКИ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ КОИ СЛЕДУВААТ ВО КЛАСТЕРОТ ТЕМЕЛИ КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ. ПОСТОЕЧКИТЕ ЗАКОНИ ГИ ПРЕДВИДУВААТ СООДВЕТНИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ВЛАСТИ И НАЧИНИТЕ НА НИВНАТА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА, КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОЧИТУВАНИ. ОВА ПРАШАЊЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕШАВА ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ВЕЛАТ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ.

Вчера и од амбасадата на САД  дека ова прашање треба да го решат надлежните и потенцираа дека Сад е вложена да сеу напреди владеењето на правото во земјава.

Државниот обвинител, судскиот совет и обвинителскиот совет имаат надлежност  и треба да го расчистат случајот докрај, смета пораншената судијка во европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска. Според неа овој судир зазема големи димензии и може да има негативно влијание на правосудството.

Траба да покажеме дека имаме капацитет сама да се разреши проблемот но и да не се соочиме со негативни оценки пред ЕУ смета Николовска

Првите луѓе на две институции кои би требало да сораборуваат во борбата против криминалот изнесоа сериозни обивнувања еден против друг. Она што тлеело од претходно ескалираше по претресот на обвинителството за организиран криминал во Управата за финансиска полиција. Оваа предистрага е отворена по кривчна пријава на граѓани и во претресот ги барале сите предмети отворени по анонимни пријави.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 5 Gusht, 2022 20:01