ЕУ најави нови санкции против Русија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:21

ЕУ најави нови санкции против Русија

Заострување на санкциите против Русија, согласни се министрите за надворешни работи на ЕУ. Се состанаа вонредно на маргините на дебатата од Генералното собрание на ЕУ, по ескалацијата на војната во Украина со одлуката за мобилизација на руските резервисти.

ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ РУСИЈА ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ ВЕДНАШ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО, ВО КООРДИНАЦИЈА СО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ. И САКАМ ОСОБЕНО ДА НАГЛАСАМ ЕДЕН ВАЖЕН ЕЛЕМЕНТ. ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОВЕЛБАТА НА ОН И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, УКРАИНА ГО КОРИСТИ СВОЕТО ЛЕГИТИМНО ПРАВО ДА СЕ БРАНИ ОД РУСКАТА АГРЕСИЈА ЗА ДА ЈА ВРАТИ ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА И ИМА ПРАВО ДА ГИ ОСЛОБОДИ ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИ ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ГРАНИЦИ, ИЗЈАВИ ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК БОРЕЛ.

Во меѓувреме, Русија одлучи да ослободи украински воени заробеници, меѓу нив и од војници од Азовскиот Батаљон, кои беа заробени по руското освојување на Мариупол. Украина врати 55 руски заробеници, меѓу нив и многу вредниот украински бизнисмен Виктор Медведчук, кој ја предводеше про-руската платформа За живот во Украина, а кум на неговата ќерка е самиот Путин.

ВЕРУВАМ ДЕКА ОВА Е ГОЛЕМА ПОБЕДА, ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ БЕЗ ДА ГИ ОТКРИЈАТ ТАЈНИТЕ. ВРАТИВМЕ 200 ЛУЃЕ, УШТЕ МАЛКУ ПА СИТЕ, ЌЕ ГИ ВИДИМЕ НАШИТЕ МОМЦИ ОД ДРУГАТА ГРУПА. МОЖАМ ДА КАЖАМ ДЕКА МОЖЕВМЕ ДА ГО ЗАМЕНИМЕ МЕДВЕДЧУК ЗА ЕДЕН НАШ ХЕРОЈ ОД АЗОВ, НО ВРАТИВМЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ.

Руските државјани, исплашени од мобилизацијата, и денеска бараат карта повеќе за да ја напуштат државата. Оние кои останаа излегоа на протести против одлуката на Путин. Уапсени се над илјада луѓе, најмногу во Москва и Санкт Петерсбург. Организаторката на протестите за американските медиуми изјави дека дел од уапсените директно биле регрутирани во руската војска. Повик да се мобилизираат имаат и руските пратеници, кои од првиот човек на думата добија наредба дека пратеничкиот имунитет нема да ги штити. Дел од нив реагираа дека се потребни во земјата, но дел од се веќе распределени во Донбаскиот регион, каде утре се очекува референдумското гласање.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:21