За Русија донацијата на тенкови за Украина е голема грешка, МНР и МО тврдат дека Македонија одлучува самостојно

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:13

За Русија донацијата на тенкови за Украина е голема грешка, МНР и МО тврдат дека Македонија одлучува самостојно

Голема грешка на раководството на Северна Македонија. Со вакво предупредување, кое излегува од рамките на дипломатскиот речник и има призвук на закана, руското Министерство за надворешни работи ја искоментира одлуката на македонската влада да ѝ донира тенкови на Украина. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, донацијата на тенкови од Македонија за Украина ја нарече верно подаништво на земјава кон НАТО, за вооружување на Украина и продолжување на конфликтот таму. Притоа, таа македонските власти ги нарече „северномакеоднски“.

И ПОКРАЈ ТОА ШТО, СПОРЕД СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ, ТИЕ ЗНАЧАТ „БЕЗОПАСНА“ НАБАВКА НА ЗАСТАРЕНА ОПРЕМА, ОСТАНУВА ФАКТОТ ДЕКА СО ВЕРНОПОДАНИЧКИОТ ОДНОС КОН НАТО (ПРЕД СÈ) СКОПЈЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ВООРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНА, СО ШТО ПРИДОНЕСУВА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИМИНАЛНА АКТИВНОСТ НА РЕЖИМОТ ВО КИЕВ ПРОТИВ ЦИВИЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ДОНБАС. ЛУЃЕТО КОИ ИСПОВЕДААТ ДЕМОКРАТИЈА, СЛОБОДА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА ТРЕБА ДА ЗНААТ ЗА ТОА. СЕТО ОВА ВОДИ КОН ДОПОЛНИТЕЛНО ВЛОШУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА. СМЕТАМЕ ДЕКА ОВА Е ГОЛЕМА ГРЕШКА НА РАКОВОДСТВОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПРЕДУПРЕДИ ЗАХАРОВА.

Таа коментарот го даде на новинарско прашање во кое беа изнесени два неточни податоци – дека тенковите кои Македонија ѝ ги донираше на Украина се всушност тенкови кои наводно Русија ѝ ги донирала на Македонија во 2000 година, во време на конфликт со албанските сепаратисти, кои Захарова со ниту еден збор не ги корегираше.

На изјавата на руското МНР стигна заедничко соопштение од македонското Министерство за надворешни работи и од Министерството за одбрана, во кое се наведува дека Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно.

ИМЕНО, ДОСЕГА, ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОНЕСЕ НЕКОЛКУ ОДЛУКИ ЗА ВОЕНОТЕХНИЧКА ПОМОШ СО КОИ И ПОМАГАМЕ НА УКРАИНА ВО ОДБРАНА НА СВОЈОТ ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ КОЈ Е ЗАГРОЗЕН ОД ВОЕНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА. РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ЧЛЕНКА НА НАЈМОЌНИОТ ВОЕНОПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ, НАТО АЛИЈАНСАТА, ОДЛУЧНО СТОИ ЗАД ПОЗИЦИЈАТА И РЕШИТЕЛНОСТА НА АЛИЈАНСАТА ДА БИДЕ ГАРАНТ НА МИРОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА СВОИТЕ ЗЕМЈИ–ЧЛЕНКИ И ДА ГИ ШТИТИ ВРЕДНОСТИТЕ, СЛОБОДАТА И БЕЗБЕДНОСТА НА СЕГАШНИТЕ И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, СЕ НАВЕДУВА ВО РЕАКЦИЈАТА НА ДВЕТЕ МИНИСТЕРСТВА.

Во одговорот од македонските институции нема директен одговор на „големата грешка“ на која Москва ја предупреди владата, туку се реферира на принципите на почитување на меѓународното право, принципите на ОН и заложбите на ОБСЕ во носењето на одлуката за поддршка на територијалниот суверенитет и интегритете на Украина.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:13