Измените на Уставот ќе одат по предлог на пратеници, а не на владата

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 4 Gusht, 2022 21:13

Измените на Уставот ќе одат по предлог на пратеници, а не на владата

Уставните измени за впишување на Бугарите, но и на Хрватите и на Црногорците во Уставот најверојатно ќе бидат доставени до Собранието од група пратеници од власта, а не на предлог на владата, дознава Телма од владини извори. Уставните измени на кои се обврза Македонија со Протоколот со Бугарија за спроведување на договорот за Добрососедство, ќе се туркаат преку пратениците, по примерот на легитимитетот кој го бараше владата од Собранието и за усвојување преговарачката рамка со Европската унија.

Сепак, поднесувањето на предлогот за уставни измени ќе почека прво да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието, за кое меѓупартиските консултации ќе започнат веднаш по летните одмори.

Инаку процедурата за уставни измени предвидува предлогот за измени да можат да достават – претседателот на државата, владат, најмалку 30 пратеници во Собранието или 150.000 граѓани. По доставување на предлогот, ќе бдие потребно двотретинско мнозинство во Собранието за отворање на Уставот и стартување на собраниската процедура за промена на Уставот. Процедурата за носење уставни измени вообичаено трае од три до шест месеци.

Освен уставните измени, од есен ќе почне реализацијата и на другите обврски кои ги презеде земјава со Протоколот со Бугарија, како што е носењето и на нов закон за отворање на архивите на тајните служби од 1945 до 1991 година, за кој, како што информираат од министерството за Правда за Телма, се уште не се започнати активности. И од владата информираат дека за ова прашање ќе се дикутира по летните одмори, но со дополнување дека има доволно време за имплементација на овој дел од Протоколот.

СЕ РАБОТИ ЗА СЕРИОЗЕН ПРОЦЕС ВО КОЈ ЌЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ПОВЕЌЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ И СO ЗАЕДНИЧКА КООРДИНАЦИЈА ДА ГО ЗАОКРУЖАТ. ИМА ДОВОЛНО ВРЕМЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ПРОТОКОЛОТ, ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ, ДОБРО ДА ГИ ДЕФИНИРАМЕ РАБОТИТЕ И ДА ГИ КАНАЛИЗИРАМЕ, ЗА ИСТИТЕ НА НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ РЕАЛИЗИРААТ, ВЕЛАТ ВО ВЛАДАТА.

За носењето на законот за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање, Македонија има рокот е една година.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 4 Gusht, 2022 21:13