Изјавата на Костадиновска – Стојчевска ги разгоре и партиските обвинувања
Изјавата на министерката за култура дополнително ги разгоре и партиските обвинувања. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинија дека власта со договорите кои ги потпишува со Бугарија водат кон тивка цензура и побараа оставка од министерката за култура. А од СДСМ вратија дека ВМРО ДПМНЕ беше партијата која лустрираше уметници.