Калајџиев: Состојбите во судството се многу проблематични и сложени

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:26

Калајџиев: Состојбите во судството се многу проблематични и сложени

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев упати жестоки критики за новата програма и акцискиот план на Судскиот совет, посочувајќи дека состојбата во македонското судство е проблематична и сложена, но никој до сега не се потрудил да ги испита вистинските причини за тоа.

СЕ ПОВЕЌЕ СУМ УБЕДЕН ДЕКА НАШИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА СЕ СПАСИ СО ЕДНА ПРОГРАМА, КАКО ШТО НИТУ ЕДНА ДРЖАВА, А КАМО ЛИ МАКЕДОНИЈА, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРАВНА ДРЖАВА ВО КОЈА ШТО ЌЕ ВЛАДЕЕ ПРАВОТО САМО ПОРАДИ ТОА ШТО ЌЕ ИМА УСТАВ И ЗАКОНИ, ТАКА НЕ МОЖЕ НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА. ТРЕБА МНОГУ ПРАВНА КУЛТУРА, ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС, ИНТЕГРИТЕТ КОЈ НЕ СЕ ГРАДИ ПРЕКУ НОЌ, НЕ МОЖЕТЕ СО ЕДНА ПРОГРАМА ДА ИЗГРАДИТЕ ИНТЕГРИТЕТ КАЈ СУДИИТЕ, ТВРДИ ПРОФЕСОРОТ КАЛАЈЏИЕВ.

Професорот Калајџиев смета дека и Судскиот совет, и Обвинителскиот совет, иако замислени како тела за некаква судска самоуправа, биел формирани со политички влијанија.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ СУДКИОТ СОВЕТ, КОЈ ШТО ГО ВОДИ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК, ДА СЕ НАМЕТНЕ КАКО АВТОРИТЕТ ВО СУДСТВОТО, ПА НЕДАЈ БОЖЕ ПОШИРОКО ОД ДРЖАВАТА. ОБВИНИТЕЛОТ ШТО ГО ВИДОВМЕ, СЕ ИСПАЛТКА СИРОМАШКИОТ ВО ПОСТАПКАТА СО ОБВИНИТЕЛКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ПОДРЖАА ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ БИДЕЈЌИ НЕМАШЕ ОСНОВ ДА СЕ РАЗРЕШИ И СУСПЕНДИРА ОБВИНИТЕЛКАТА, БИДЕЈЌИ ПРОТИВ НЕЈЗЕ ВИСТИНСКИ НЕМА ПОСТАПКА ЗАТОА ШТО ВИСТИНСКИ НЕМА НИТУ КРИВИЧНО ДЕЛО. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА Е РАЗРЕШЕНА ПОРАДИ ДИСЦИПЛИНСКАТА ПОСТАПКА, ПРОДОЛЖИ КАЛАЈЏИЕВ.

Според него најдобро е да се носи никаква стратегија.

СОСТОЈБИТЕ ВО СУДСТВОТО СЕ МНОГУ ПРОБЛЕМАТИЧНИ И СЛОЖЕНИ, ТРЕБА ПРВО ДА СЕ ИСПИТААТ ВИСТИНСКИТЕ КОРЕНИ, НЕ ДА СЕ НАБРОЈУВААТ ВООБИЧАЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ. ЗОШТО ТИЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ВАКВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ЗОШТО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ШТО СЕ ЗАЦРТАНИ ДА ФУНКЦИОНИРААТ КАКО ЗАШТИТА НА СУДИИТЕ, НЕ ФУНКЦИИОНИРААТ? ГИ ИМА ЛИ НЕКОЈ ИСПИТАНО РЕФОРМИТЕ КОИ ДО СЕГА СМЕ ГИ СПРОВЕЛЕ?, ПРАША КАЛАЈЏИЕВ.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:26