Ковачевски: За предлогот да биде прифатлив за нас клучни се чиста формулација за јазикот и јасна заштита на македонскиот идентитет

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:48

Ковачевски: За предлогот да биде прифатлив за нас клучни се чиста формулација за јазикот и јасна заштита на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски на својата Фејсбук страница уште еднаш потврди дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки, како и оти секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

КАКОВ И ДА БИДЕ КОНЕЧНИОТ УСОГЛАСЕН ТЕКСТ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ПОСОЧУВАМ ДЕКА, ЗА ИСТИОТ ДА БИДЕ ПРИФАТЛИВ ЗА НАС, КЛУЧНИ СЕ СЛЕДНИВЕ ЕЛЕМЕНТИ – ЧИСТА ФОРМУЛАЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И ЈАСНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИСКИТЕ ПРАШАЊА НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ КРИТЕРИУМИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, НАВЕДУВА КОВАЧЕВСКИ НА ФЕЈСБУК.

Премиерот наведува дека преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.

ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ И ОД БУГАРИЈА И ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДЕКА БУГАРИЈА НЕМА ДА УСЛОВУВА СО НОВИ БАРАЊА, НАДВОР ОД ОНА ШТО ЌЕ БИДЕ ДОГОВОРЕНО ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И БИЛАТЕРАЛНИОТ ПРОТОКОЛ КОЈ СЀ УШТЕ НЕ Е УСОГЛАСЕН СО БУГАРИЈА, НАГЛАСУВА ПРЕМИЕРОТ, ДОДАВАЈЌИ ДЕКА СЕКОЕ РЕШЕНИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА Е КОНСУЛТИРАНО СО ИНСТИТУЦИИТЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:48