Мавровски: До сега требаше да има повик за набавка на електрична енергија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:06

Мавровски: До сега требаше да има повик за набавка на електрична енергија

ЕСМ до сега требаше да има објавено повик за набавка на струја, како резерва за престојната зима која ќе биде многу тешка. Поранешниот директор на РЕК Битола, Спиро Мавровски вели дека наместо сега да се прават подготовки, ние струја ќе набавуваме во зимските месеци по енормно повисоки цени. Се сомнева  и дека на депонијата во РЕК количините на јаглен достигнуваат до 100.000 тони и дека се прави ископ секојдневно.

Директор на ЕСМ Ковачевски пак уверува дека нема потреба отсега да се прави набавка на струја за следните месеци. А во случај на целосен застој што тврди дека никогаш не се случило, има јаглен за 10 дена. Но, и дека навреме се вршат потребните набавки на мазут.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:06