Мицкоски од Ташмаруништа: Нема промена на уставот под овие околности

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 2 Gusht, 2022 20:22

Мицкоски од Ташмаруништа: Нема промена на уставот под овие околности

Избори и референдум . Ова се дел од предлозите кои од струшко Ташмаруништа ги повтори Претседателот на Вмро дпмне Христијан Мицкоски за излез од ситуацијата. Бегството од референдум на владата е бегство од народот и доказ за тоа колку големо предавство прават на својата земја и на својот народ

ЈАВНО ПОВИКУВАМ ДА ПОДДРЖИМЕ РЕФЕРЕНДУМ, СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОВИКАМЕ И НА НАРОДОТ ДА МУ ДАДЕМЕ ШАНСА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА. И САКАМ ТУКА ДА ПОТЕНЦИРАМ УШТЕ ЕДНАШКА ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ, НАРОДОТ ДА БИДЕ СПОКОЕН, БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ШТО ЌЕ СМИСЛИ ОВАА ВЛАСТ КАКО ОПСТРУКЦИЈА ИЛИ ОТПОР ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ, ГАРАНЦИЈАТА, БЛОКАДАТА И ЧУВАЊЕТО НА УСТАВОТ ОД СТРАНА НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА СЕ ФАКТ И ТОА ОСТАНУВА. НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ ПОД ОВИЕ ОКОЛНОСТИ, ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА, ИСТАКНА ЛИДЕРОТ НА ВМРО – ДПМНЕ, ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

Според него власта има две цели да ја обвини ЕУ за тоа што ни се случува а вмро дпмне да го нападне дека недоволно се бори за зачувување на националниот идентитет. Оваа власт е најразорната атомска катастрофа која и во економски и во политички контекст ја уназади децениски Макеоднија рече претседателот на вмро дпмне

ОНА ШТО ДЕНЕС НИ СЕ СЛУЧУВА СО НАШАТА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНО ИСТОРИСКО ДЕЖА ВУ НА СИТЕ АСПИРАЦИИ НА ДЕЛ ОД СОСЕДИТЕ КОИ БЕЗМАЛКУ ВО РАЗЛИЧНИ ОБЛИЦИ НЕ ПРАТЕЛЕ КАКО ПРОКЛЕТСТВО НИЗ ВЕКОВИТЕ. НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ТИЕ УДИРААТ, НО БОЛКАТА Е ШТО ОДВНАТРЕ МАКЕДОНИЈА Е РАСПРОДАВАНА. И ТУКА НЕМАМЕ НИЕ НЕКАКОВ ИДЕОЛОШКИ СУДИР, ТУКУ ПОСТОИ МАТЕМАТИЧКА ПРЕСМЕТЛИВОСТ НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ЕЛИТА КОЈА ПРЕКУ ТРГОВИЈАТА СО НАЈСКАПОТО ЈА ЗАДРЖУВА ВЛАСТА, ДОДАВА МИЦКОСКИ.

Мицковски очекува власта во наредниот период да се обиде опзоцијата да ја претстави како радикали и да внесат етнички поделби. Тој повика на национално и политичко обединување, на сите на кои македонија им е на про место. На сите партии здруженија синдикати поединци против  власта.

И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, ИМАШЕ ПРВ, ИМАШЕ ВТОР ИЛИНДЕН, ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН БЕШЕ 8 СЕПТЕМВРИ 91ТА, ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН НОВ ИЛИНДЕН КАДЕ ЌЕ ИМАМЕ ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА НАД СИТЕ НЕПРАВДИ, ИНСТАЛАЦИИ, И СИЛИ КОИ НЕ ВЛЕЧАТ НАДОЛЕ, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА.

Претседаателот на ВМРО – ДПМНЕ 5та година по ред Илинден го прославува од струшко Ташмаруништа.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 2 Gusht, 2022 20:22