Мијалков излезе од Шутка и влезе во корона-изолација, Орце Камчев стигна во судот првпат од слобода за „Плацеви на Водно“

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:14

Мијалков излезе од Шутка и влезе во корона-изолација, Орце Камчев стигна во судот првпат од слобода за „Плацеви на Водно“

Од Шутка на слобода па во изолација. Столчето на обвинетиот Сашо Мијалков остана празно во судницата. Рочиштето се одложи а причината е неговото отсуство бидејќи е позитивен на корона вирусот.

Откако ниту еден од обвинетите не е повеќе во притвор, покрај Мијалков заболување од корона пријавиле дури тројца адвокати. Петар Василев, адвокатот на Мијалков, потоа Гордана Нацева, адвокатка на Ненад Јосифовиќ која е болна од 09-ти јануари, како и бранителот на Камчев.

Судењето ќе продолжи и целтта не е да се одолговлекува гарантира адвокатот на Мијалков.

На првото рочиште за предметот „Плацеви на Водно“ оваа година, од двајцата обвинети  кои беа ослободени од притвор предновогодишно,  само Орце Камчев се појави во судницата. Ги избегна медиумите за коментар дали е задволен од одлуката на апелациониот суд да се брани до слобда со гаранцијата од 11 милиони евра.

Според досегашните јавно објавени податоци, Мијалков по вторпат заболува од корона, а во февруари лани кога по него беше распишана потерница за бегство, тој при појавувањето во обвинителството за организиран криминал по решение за домашен притвор- рече дека се „изолирал“ сам два дена бидејќи имал симптоми.

Тогаш излезе негативен, но сега во првите десетина дена повторно се разболи од корона вирусот.

Адвокатите на Екс-директорот на УБК Сашо Мијалков соопштија дека е во корона изолација од 10-ти јануари со мерка изречена од ДЗСИ. И тој и обвиентиот Орце Камчев во предмтот за купопраджбата на плацеви на водно со партиски средства како што тврди обвинителството добија слобода од апелација откако вложија имоти вредни 11 милиони евра.

Сега „Плацеви на Водно“ се одложени за 24-ти јануари, а доколку повторно некој се разболи среде омикрон бранот може да следува ново одложување.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:14