Муареми: Претресот беше незаконски, тенденциозен и со цел да ми попречи во работата и да се заштитат лични интереси

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:14

Муареми: Претресот беше незаконски, тенденциозен и со цел да ми попречи во работата и да се заштитат лични интереси

Лични причини и заштита на нечии лични интереси, ова се дел од причините кои директорот Арафат Мауреми ги смета како мотив, и позадина, поради кои бил извршен незаконски претрес во Управата за финансиска полиција по анонимна пријава со барање за претрес, без докази, и со лажни податоци.

ПРЕТРЕСИТЕ БЕА ТЕНДЕНЦИОЗНИ И СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ – ДА СЕ НАРУШИ МОЈОТ ЛИЧЕН УГЛЕД, УГЛЕДОТ НА ЦЕЛАТА ИНСТИТУЦИЈА, ДА СЕ ДОВЕДАТ ВО ПРАШАЊЕ СИТЕ СЕГАШНИ А И ИДНИ ПОСТАПКИ/ ПРЕДМЕТИ КОИ УПРАВАТА ГИ ВОДИ, А СЕ СО ЦЕЛ ДА ГИ ЗАШИТИ ИНТЕРЕСИТЕ НА НЕЈЗИНИ БЛИСКУ ЛУЃЕ, ПРИЈАТЕЛИ, СОРАБОТНИЦИ ЗА КОИ ВО УПРАВАТА ПОСТОЈАТ ПРЕДМЕТИДАЛИ ПРЕТРЕСОТ Е НАЧИН ВИЛМА РУСКОВСКА ДА ДОЈДЕ ДО ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ШТО УПРАВАТА ГИ РАБОТИ, И ДА ИЗВРШИ ДИРЕКТЕН УВИД ВО ТИЕ ПРЕДМЕТИ, СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА БАРА ДА И СЕ ДОСТАВИ ЦЕЛОКУПНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА? ПРАША МУАРЕМИ.

На брифингот со новинарите Муареми најави и кривични пријави за трите обвинителки, Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа. Рече дека при претресот обвинителството излегло од наредбата за претрес која ја добиле. Една од незаконитостите е и дека не смееле да вршат претрес без присуство на Министерот за финансии или негов претставник, бидејки управата е под ова министерство.

ОД ПОЗИЦИЈА НА МОЌ, ЗЛОУПОТРЕБУВАЈЌИ ЈА СВОЈАТА ФУНКЦИЈА, ОВА ШТО ВИЛМА РУСКОВСКА ГО НАПРАВИ НЕ Е НЕШТО НОВО, ОВА НЕ Е ИСКЛУЧОК. ОВА Е ПАТЕРН НА НЕЈЗИНО ОДНЕСУВАЊЕ И ДЕЛУВАЊЕ. КРШЕЊЕ НА ЗАКОНИ, ЗЛОУПОТРЕБИ, ЗАКАНИ ЌЕ СЕ СЕТИТЕ НА ПОРАКАТА НА СУДИЈАТА ДЕКА ЌЕ ГО ИСТРЕСЕ ОД ГАЌИ И СЛ, РЕЧЕ МУАРЕМИ.

Директорот на Финансиска полиција, потенцираше дека не е задоволен од соработката со Обвинителството за организиран криминал и дека дел од големите предмети кои ги сработеле стојат во фиоки, или се отфрлени од обвнителството предводено од Русковска.

ЗОШТО ОЈО ГОКК ОД НАС НЕ ПОБАРА ДА СЕ ИЗВРШАТ ПРОВЕРКИ ВО АКТУЕЛНИ ИСТРАГИ ( ДА СЕ ИСПИТА ПОТЕКЛОТО НА ПАРИТЕ ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ГРУЕВСКИ, ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ), А ЕКСПРЕСНО ПОСТАПИ ПО ОВАА АНОНИМНА ПРИЈАВА И ДОЈДЕ ПРЕТРЕСИ, НЕОСНОВАНО И НЕЗАКОНСКИ, ДА ПРАВИ, ПРАШУВА МУАРЕМИ.

Муреми ги негираше и тврдењата на Русковска во медиумите и застана на линија на Јовески, кој утврди низа неправилности за претресот. Републичкиот обивнител не се мешал во нејзината работа по конкретни предмети туку надзорот е напраен по претставка за нејзиното обивнителско постапување. Според него, не е точна ниту нејзината изјава дека имало 300 предмети од анонимен пријавувач во финансиска полиција, ниту дека постои можност да се поднесе жалба до кривичен совет за наредба за претрес.

Русковска пак во кратка изјава за Телма вели дека не коментира туѓи изјави и дека секој има право да поднесе кривична пријава против било кого.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:14