Наместо лек – ветувања за пациентите со леукемија, месец ипол се без терапија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:16

Наместо лек – ветувања за пациентите со леукемија, месец ипол се без терапија

Наместо лек – ветувања. Иако терапијата им е поважна дури и од леб и вода, пациентите со дијагноза карцином на белите крвни клети сега ги молат надлежните да го донесат лекот во земјава.

Месец и половина доцни испораката на истиот.

Дел од пациентите со овој тип на леукемија, добиле ветување дека за две до три недели ќе имаат од терапијата.

КАКО ДА ВИ КАЖАМ?! СЕКОЈДНЕВНО МОРАМ ДА ГО ПИЈАМ ЛЕКОТ ЗОШТО АКО ПРЕКИНАМ СО ТЕРАПИЈАТА МЕ ТЕРА НА СПИЕЊЕ И ОМАЛАКСАН СУМ. МОРА ДА ИМААТ НАБАВЕНО РЕЗЕРВИ, ПОВЕЌЕ КУТИИ ОД ЛЕКОТ. СЕКОЈА ГОДИНА ИМА НОВИ ПАЦИЕНТИ КОИШТО СЕ РАЗБОЛУВААТ, ИЗЈАВИ ПАЦИЕНТОТ ЗОРАН РИСТОВСКИ.

Иако пациентите апелираат да има и резерви за вакви ситуации, здравствените власти нарачуваат количини според бројот на пациенти од од претходните години.

Неретко се случува тоа да не биде доволно.

-ИМАМЕ ПЕРИОД КОГА СЕ ЈАВУВААТ НОВИ ПАЦИЕНТИ, ГИ ВНЕСУВАМЕ ВО ТРЕТМАНОТ МЕЃУТОА КОЛИЧИНИТЕ СЕ ТРОШАТ ПРЕДВРЕМЕНО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ САЛИ.

 

-ГОДИНАВА ЗА ЖАЛ, ИАКО ТЕНДЕРОТ Е ЗАВРШЕН, КОМПАНИЈАТА „NOVARTIS“ КОЈАШТО ГО ПРОИЗВЕДУВА ЛЕКОТ НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ КОЛИЧИНА НА ЛЕК ЗА НАШАТА ЗЕМЈА И ТОА ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ. ЗАРАДИ ТОА Е ЗАСТОЈОТ. ЗАСТОЈОТ НЕ Е НИТУ ВО ЈАВНАТА НАБАВКА, НИТУ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ, ВЕЛИ Д-Р. ИРИНА ПАНОВСКА – СТАВРИДИС, ДИРЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА.

Директорката на хематологија вели дека пациентите за коишто нема терапија можат да примаат друг, второгенерациски лек со којшто болеста ќе остане стабилна до доаѓањето на нивниот.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:16