Нова масовна гробница во Украина – во ослободениот Изјум пронајдени над 400-тини тела, некои од нив и измачувани

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:32

Нова масовна гробница во Украина – во ослободениот Изјум пронајдени над 400-тини тела, некои од нив и измачувани

Масовна гробница со повеќе од 440 тела е откриена во Изум, во североисточна Украина, каде што руските сили беа истерани пред само неколку дена, соопштија украинските власти. Дрвени крстови, повеќето од нив обележани со бројки биле откриени во шумата надвор од градот.

Истражителите денеска почнаа да ги откопуваат телата, и соопштија дека најголем дел од нив се цивили, а има и деца, кои загинале при воздушните напади, од нагазни мини, но откриено е и дека на дел од телата очигледни се знаците и на физичка тортура. Пронајдени се трупови со врзани раце зад грб или со јажиња околу вратот.  На еден од обележаните гробови пишувало дека во него се закопани 17 украински војници.

Михаило Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека во некои ослободени области биле откриени „многу места на масовни погребувања“.

„Видовме многу места каде што луѓето беа мачени. Видовме диво исплашени луѓе кои беа држени без светлина, без храна, без вода и без право на правда. Бидејќи таму немаше власт, имаше само луѓе со оружје, изјави Подољак. 

Овие тврдења од Украина отпрво не беа потврдени од независни извори, но новинарската екипа на Асошијетед Прес денеска била на терен и ги виделе гробовите.

Засега нема коментар од Русија за тврдењето на Украина,  а ОН соопштија   дека ќе испратат   тим во Изјум за да ги испита наводите за масовната гробница.  Пред неколку месеци , Украина  ја обвини Русија за воени злосторства во Буча и Мариупол, што Москва ги негира.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 16 Shtator, 2022 20:32