Падна владата на Петков

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:51

Падна владата на Петков

Бугарското собрание ѝ изгласа недоверба на владата на Кирил Петков. Со 123 гласа „за“, наспроти 116, падна владата на Петков.

„Ми беше чест да водам влада која беше соборена од г-дин Пеевски, господин Борисов, Слави Трифонов и г-ѓа Митрофанова. Тоа што јасно сакам да го изјавам е дека ова гласање беше само еден мал чекор од еден многу долг пат. Тоа што тие не го сфатија е дека така не можат да го придобијат бугарскито народ. Ветуваме дека ние ќе ја продолжиме оваа битка, и еден ден ќе имаме Бугарија без задкулисни договори, без мафија, една нормална, успешна, европска држава., изјави премиерот Кирил Петков по гласањето.

Гласањето за недоверба беше поднесено од партијата на поранешениот премиер бојко Борисов, ГЕРБ а како причини беа наведени неуспехот во финансиската и економската политика на земјата. Петков не успеа да го помине прагот од  121 глас за да продолжи да ја води владата. На власта и беа потребни 6 гласа, но неодамна  6 пратеници се отцепија а доаѓаа од редовите на коалициониот партнер партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“.

Ден пред гласањето, сите партии застапени во парламентот ги потврдија позициите за кабинетот на Кирил Петков. Пратениците и кабинетот вчера одржаа близу 8 часа расправа во пленарната сала.

Денешното гласање дојде по двенеделни политички препукувања , а „Има такви“ ја напушти владејачката коалиција, а потоа разменија низа обвинувања со „Продолжуваме да се менуваме“.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:51