Пелоси замина од Тајван – Вашингтон и Пекинг во отворен судир

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:16

Пелоси замина од Тајван – Вашингтон и Пекинг во отворен судир

Посетатата на претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајван, заврши, но зад себе остави уште позатегнати и многу влошени односи меѓу двете земји.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека по нејзиното заминување 27 кинески борбени авиони влегле во зоната на противвоздушна одбрана, по што земјата испратила свои ловци за пресретнување но распоредила и поголем број ракетни системи за следење на кинеските активности.

Претходно официјален Пекинг изрази остро противење на посетата на Пелоси, предупредувајќи дека тоа би било неприфатливо кршење на она што таа го гледа како нејзин „суверенитет над самоуправниот остров“.

ТОА ШТО ПЕЛОСИ ГО НАПРАВИ НЕ Е НИКАКВА ОДБРАНА ИЛИ ЗАШТИТА НА ДЕМОКРАТИЈАТА, ТУКУ ПРОВОКАЦИЈА И НАРУШУВАЊЕ НА КИНЕСКИОТ СУВЕРЕНИТЕТ И ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ. КАКО ШТО МНОГУМИНА ПОСОЧИЈА, ОПАСНАТА ПРОВОКАЦИЈА НА ПЕЛОСИ ИМА ЗА ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ ЛИЧНА ПОЛИТИЧКА ПРИДОБИВКА. СЕТО ОВА Е ЕДНА ГРДА ФАРСА, ПОРАЧА ПОРТПАРОЛОТ НА КИНЕСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ХУА ЧУНЈИНГ.

За Пелоси пак посетата на висок американски функционер претставува доказ за непоколебливата посветеност на САД за самоуправниот остров, кој според неа, е едно од најслободните општества во светот.

ТАЈВАН Е СИГУРЕН И ДОВЕРЛИВ, КООПЕРАТИВЕН ПАРТНЕР НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ. ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА РАБОТИМЕ СО КОНГРЕСОТ НА САД, КАКО И СО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ВО ОБЛАСТИ КАКО ШТО СЕ ИНДО-ПАЦИФИКОТ, БЕЗБЕДНОСТА, ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ, ПРОИЗВОДСТВОТО И СИНЏИРИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДОПОЛНИТЕЛНО ДА СЕ ПОДОБРАТ ОДНОСИТЕ МЕЃУ ТАЈВАН И САД, ПОРАЧА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ТАЈВАН, ЦАИ ИНГ – ВЕН.

Кина доби поддршка од Русија, која смета дека Пекинг има право да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет. За руското министерство за надворешни работи, посетата на високата претставничка на Соединетите Американски Држави преставува намерен обид на Вашингтон да ја иритира Кина.

Европската унија пак бара тензиите околу посетата на Пелоси на Тајван да се решат со дијалог, за да се избегне опасноста што може да произлезе од погрешна проценка.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 3 Gusht, 2022 20:16