Пендаровски телефонски со Радев: Македонија е подготвена за интензивирање на соработката

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:47

Пендаровски телефонски со Радев: Македонија е подготвена за интензивирање на соработката

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:47