Петков му ветил на Вархеи дека ќе го крене ветото, предложил и ревизија на рамковната позиција на Бугарија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 15 Qershor, 2022 20:55

Петков му ветил на Вархеи дека ќе го крене ветото, предложил и ревизија на рамковната позиција на Бугарија

Темата „Македонија“ повторно ја вжешти бугарската политичка сцена. Министерската за надворшени работи во оставка, Теодора Генчовска, од редовите на „Има таков народ“, партијата која ја напушти владината коалиција денеска во бугарското собрание го искористи џокерот за задавање на силен удар на веќе разнишната влада на премиерот, Кирил Петков, потврдувајќи им на бугарските пратеници дека Петков на 17 февруари, му ветил на еврокомесарот, Оливер Вархеи, дека ќе го крене ветото за Македонија до крајот на француското претседателство.

ПРАШАЊЕТО КОН ВАС Е СЛЕДНО: ДАЛИ ГО СПОДЕЛИЛ СО ВАС ВАРХЕИ ТОА ДЕКА ЗА ВРЕМЕ НА РАЗГОВОРОТ СО КИРИЛ ПЕТКОВ НА 17 ФЕВРУАРИ, КИРИЛ ПЕТКОВ ПРЕД НЕГО ИСКАЖАЛ ПОДГОТВЕНОСТ ДЕКА Е ПОДГОТВЕН ДА ГО КРЕНЕ ВЕТОТО ДО КРАЈОТ НА ФАРНЦУСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО Т.Е. ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ОВАА ГОДИНА, ПРАША КОСТАДИН КОСТАДИНОВ, ПРАТЕНИК ОД РЕДОВИТЕ НА ПАРТИЈАТА „ПРЕРОДБА“.

„Да. Точно така“, одговори министерката Генчовска.

Но, Генчовска не застана само на Петков. Таа го обвини неговиот советник за надворешна политика и дека пред два месеци подготвил предлог за ревизија на рамковната позиција на Бугарија со која било сугерирана ревизија на бугарската национална позиција, односно таа да не ја вклучува бугарската позиција за македонскиот јазик. Сепак таа го амнестираше Петков од обвинувањата дека тој ја напуштил рамковната позиција на владата, што предизвика бурна рекација меѓу пратениците, по што Генчовска се дообјасни.

ЈАС НЕ КАЖАВ ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ДОНЕЛ НЕКАКВИ РЕШЕНИЈА КОИ СЕ РАЗЛИЧНИ ОД ТОА. НИКОГАШ НЕ ГО СПОМЕНАВ НЕГОВОТО ИМЕ, ЗАТОА ШТО СЕДНИЦАТА Е ОТВОРЕНА, ТВРДЕШЕ ГЕНЧОВСКА.

Петков пак за да ја запре лавината на обвинувања од страна на сега веќе поранешниот коалициски партнер дека тој на своја рака водел надворешна политика кон Македонија и се согласил да го крене ветото, што може да му ги намали шансите да најде уште неколкуте пратенички гласа, во редовите на опозицијата, кои му се потребни да ја спаси владата од паѓање, денеска со одлука на владата тој дополнително ја забетонира бугарската позиција, но и начинот како од сега натака ќе се носат одлуки по предлозите кои ќе стигаат од Брисел, европските институции или земји-членки на Унијата за кревање на ветото кон Макеоднија.

СЕКОЈ ПРЕДЛОГ КОЈ ОТСТАПУВА ОД РАМКОВНАТА ПОЗИЦИЈА ВЕДНАШ ДА БИДЕ ИСПРАТЕН ВО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, И ДА НЕ СЕ ДАВА СОГЛАСНОСТ ДОДЕКА ТРАЕ РАСПРАВАТА ВО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ. АКО ТОА ДОНЕСЕ НЕГАТИВНА ОДЛУКА, АВТОМАТСКИ ДА СЕ ДАДЕ И НЕГАТИВЕН ОДГОВОР. НА ОВОЈ НАЧИН ЌЕ ГИ ИЗБЕГНЕМЕ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ДЕКА ОВАА ВЛАДА ЌЕ НАПРАВИ БИЛО ШТО ПО ПРАШАЊЕТО ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, И ТОА ПРАШАЊЕ ТРЕБА ДА БИДЕ РЕШЕНО ЕДИНСТВЕНО ОД НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ, ИЗЈАВИ ПЕТКОВ.

Петков информирајќи за одлуката им пораќа на своите политички противници дека со оваа одлука на бугарската влада завршила темата Македонијаи дефокусирањето кое го правела опозицијата од вистинските прашња кои го мачат бугарското општество.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 15 Qershor, 2022 20:55