Премиерот не ги коментира пцовките на Талат, не знае кому се упатени

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:36

Премиерот не ги коментира пцовките на Талат, не знае кому се упатени

Оставка и осуда од коалиционите партнери бара јавноста откако беше објавена оваа аудио снимка, на која се слуша собранискиот спикер, Талат Џафери, како им се дере и ги пцуе вработените во  собраниските служби. Но, премиерот, иако ја видел снимката,  одби да ја коментира затоа што не знае кому биле упатени пцовките.

Џафери одби да даде објаснување за јавност. Покрај итна оставка, опозицијата бара и преиспитување на неговата способност за работа.

Вчера и друг функционер на ДУИ ја разбранува јавноста. Министерот за економија, Крешник Бектеши, при гостување во Тирана, реагираше кога новинарка го нарече македонски министер.

Но, како и Џафери, ни Бектеши денеска не почувствува потреба да ѝ се извини на јавноста.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:36