Пронајден застрелан маж во автомобил кај Радуша/Свиларе

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 5 Gusht, 2022 19:59

Пронајден застрелан маж во автомобил кај Радуша/Свиларе

Рано утрово на пат во автомобил е најден мртов 39-годишен мртов маж од Никуштак.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а телото е дадено на обдукција.

Нема информации дали е најдено оружјето со кое е застрелан 39-годишникот.

МВР објави соопштение за настанот:

На 05.08.2022 во 01.40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 5 Gusht, 2022 19:59