Пукотниците на тетовските свадби дел од прославите, граѓаните се плашат да пријават

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 2 Gusht, 2022 20:21

Пукотниците на тетовските свадби дел од прославите, граѓаните се плашат да пријават

Свадбените и другите семејни свечености кои се организираат овој период во тетовско често се прославуваат со пукање од огнено  оружје. Па поради тоа, од заталкани куршуми има и повредени лица и материјална штета. „Слави со срце, а не со огнено оружје“ се постојаните апели на СВР Тетово, од каде потсетуваат дека освен парична казна за сторителите, зависно од последиците следува и затворска казна.

Граѓаните се јавуваат да пријават, но не кажуваат детали на која свадба точно се пука, најверојатно стравуваат да не дознаат соседите дека тие пријавиле. Од полицијата велат дека не можат да постапат во таквите случаи зашто во градот во исто време има повеќе прослави.

На 13 јули во дворот на семејна куќа 59-годишна тетовка била погодена од заталкан куршум. По три дена во полицијата се пријавил скопјанец, зашто на семејна свеченост на која пукал од огнено оружје бил повреден малолетник. На 18 јули залутано зрно паднало во соба на семејна куќа во Челопек. На 25, пак, со повреда од залутан куршум завршил и 40 годишник од Желино, додека три дена потоа зрно паднало во двор на куќа во Теново. Имало и случаи кога се пукало од возило во движење.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 2 Gusht, 2022 20:21