Ракометарите поразени во дуелот со Словенија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Janar, 2022 20:46

Ракометарите поразени во дуелот со Словенија

Македонската машка ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на Европското првенсво. Во првиот дуел од континенталниот шампионат, Словенија не совлада со 27:25.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров му пружија силен отпор на фаворизираниот противник и пропуштија можност за изненадување, но сепак на крајот не успеавме да стигнеме до победа и се чини дека скапо ја плативме цената на големиот број загубени топки.

Нашите ракометари одлично го отворија натпреварот. Поведовме со 3:0 и 4:1, но Цловенците направија серија од 6:0 и од тој момент го преземаа водството и до крајот постојано ја одржуваа предноста.

До крајот на првиот дел неколку пати успевавме да стигнеме до израмнување на резултатот, а во самата завршница повторно серија на Словенија овој пат од 3:0 за предност на полувреме од 13:10.

Во вториот дел Словенците во еден момент имаа водство од 17:12, но нашите ракометари неколку пати успеваа да се вратат во игра стигнаа до негатива од еден гол, но на крајот противникот стигна до победа од 27:25.

Најефикасен во нашиот состав со осум гола беше Цветан Кузманоски, Филип Кузмановски постигна пет погодоци додека голманот Мартин Томовски забележа 14 интервенции.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Janar, 2022 20:46