Расте притисокот врз Џонсон да поднесе оставка на функцијата – незадоволни и дел од Ториевците

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Janar, 2022 20:52

Расте притисокот врз Џонсон да поднесе оставка на функцијата – незадоволни и дел од Ториевците

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со барања од јавноста да си замине од функцијата, откако на јавноста и призна дека имал мала забава во градината од Даунинг Стрит 10, каде се наоѓаат и владиниот кабинет, но и неговиот приватен дом додека е на функција. Забавата, која според Џоносн траела 25 минути се случила на 20 мај 2020-та година, во време кога земјата беше во строг карантин и локдаун.

На денот кога Џонсон се забавувал во градината на Даунинг Стрит 10, 268 луѓе починале од Корона во Британија, со што тогашниот смртоносен биланс изнесувал повеќе од 36 000.

Во моментов, повеќе од 150 000 жртви умреле од последици на Коронавирусот во Британија, што е највисокиот смртоносен биланс во Европа, веднаш по Русија.

Џонсон и се извини на јавноста, објаснувајќи пред пратениците дека по напорниот состанок сакал едноставно да им се заблагодараи на колегите и ги поканил на пијалок во градината. Ќе следува истрага од полицијата, но за опозицијата неговото извинување е целосно неискрено, и срамно, со оглед на огромниот број луѓе кои животот го загубија поради ковидот.

На страна на Џонсон застанаа првите луѓе од кабинетот, но не и сите негови сопартијци, од кои некои се приклучија на барањата на опозицијата тој да се повлече од функцијата. Еден од оние кои побараа оставка од Џонсон е и лидерот на шкотските конзервативци, Даглас Рос.

Не мислам дека може да продолжи како лидер на Конзервативната партија и како Премиер, кој бараше од луѓето да ги почитуваат правилата и упатствата на неговата влада, кога не верувам дека тој тоа го правел, вели Даглас Рос, лидер на конзервативната партија на Шкотска.

Рос најави и дека ќе комитетот на Конзервативната партија кој го избира лидерот на Ториевците и ќе побара Џонсон да понесе одговорност. Лидерот на конзервативните пратеници во долниот дом на Парламентот Џејкоб Рис Мог оцени дека Рос е релативно небитен политички фактор, кој е постојано незадоволен.

За да се покрене постапка за смена на лидерот на Ториевците, таквото барање мора да го потпишат најмалку 54 пратеници на Конзервативната партија.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Janar, 2022 20:52