Руските сили се обидуваат да го заземат Азовстал

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:41

Руските сили се обидуваат да го заземат Азовстал

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушченко изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град.

Андрјушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:41