Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на 950 лица

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:53

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на 950 лица

Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално времего погоди синоќа Авганистан.

Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нан- гархар и Кост.

Земјотресот го погоди подрачјето на околу 44 километри од југоисточниот град Кост, на длабочина од 51 километар.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во Пакистан, Авганистан и Индија.

Во изминатите 10 години повеќе од 7.000 луѓе загинаа во земјотреси во земјата, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Во просек годишно има 560 смртни случаи од земјотреси.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Qershor, 2022 20:53