Согласност за една изборна единица но, не и за предвремени избори

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:46

Согласност за една изборна единица но, не и за предвремени избори

СДСМ не му верува на ВМРО-ДПМНЕ а опозициската партија не и верува  на владејачката. Ќе успеат ли партиите да се усогласат за измени на Изборниот законик?За прв пат јавно од сите е дадена поддршка за една изборна единица, но ВМРО-ДПМНЕ инистира и на укинување на техничка Влада и предвремени парламентарни избори.Најголемата опозициска партија се сомнева во намерата на СДСМ за промена на изборните правила.

СДСМ и ДУИ се согласуваат за  една изборна единица и отворени листи, но гледаат проблем во барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори и немање техничка влада.

Против предвремени избори се и малите партии кои се дел од владејчкото мнозинство.

По  поединечните средби со претставници на ОБСЕ, партиите очекуваат следната недела да отпочнат разговори за изборните правила.Изборниот законик досега е менуван 36 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи но компромис за изборниот модел не се постигна.Со децении  се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати .Отворените листи секогаш се само декларативна заложба на партиите кои се на власт не почитувајќи ги долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР .

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 20:46