Сосиедад го елиминира Атлетико Мадрид во осмина-финалето на „Копа Дел Реј“

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 20 Janar, 2022 21:10

Сосиедад го елиминира Атлетико Мадрид во осмина-финалето на „Копа Дел Реј“

Екипата на Реал Сосиедат е шестиот патник во четвртфиналето на шпанскиот фудбалски куп.

Тимот од Сан Себастијан со головите на Јанузај во 33-тата и Сорлот во 47.минута, го победи актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид со 2:0 во мечот од осминафиналната рунда.

Пласман во четвртфиналето на Копа Дел Реј веќе обезбедија екипите на: Мајорка, Кадиз, бетис, Валенсија и Рајо Ваљекако на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Кои ќе бидат последните два патници меѓу осумте најдобри ќе дознаеме вечерва откако Реал Мадрид ќе го одигра својот меч на гости кај Елче, а во реприза на ланското финале Атлетик Билбао ќе ја пречека Барселона во мечот кој ќе започне од 21:30 часот.

Четвртфиналната рунда во „Кралскиот куп“ на програмата е на 2 февруари.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 20 Janar, 2022 21:10