Тетово во предизборна атмосфера, кандидатите за советници бараат гласови од врата на врата

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 6 Gusht, 2022 20:01

Тетово во предизборна атмосфера, кандидатите за советници бараат гласови од врата на врата

Тетово во предизборна атмосфера. Во пресрет на вонредните избори за членови на Совет на општина Тетово, кандидатите бараат потенцијални гласови од врата до врата, на средби со граѓани, па и преку посети на повисоки партиски членови кои нудат поддршка.

Партиите и независните кандидати со поголем интерес за учество на овие избори. Три листи повеќе од ланските, односно 13, 11 листи од политички партии и две од група избирачи.

Граѓаните велат дека слушаат веќе познати ветувања. Дел од нив не веруваат дека нешто ќе се смени со новиот состав на Советот, за кој велат дека ќе има многу работа, да носи одлуки за решавање на долгогодишните проблеми во градот, како сообраќаен хаос, нечистотија и недостаток на зелени површини.

Според официјалните податоци на овие избори право на глас имаат 84 072 граѓани, од кои 1 576 се пријавени лица со привремена работа или престој во странство и 92 гласачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор.

Изборите ќе се одржат на 20 август во текот на летната туристичка сезона кога дел од населението користи годишни одмори. Според Општинската изборна комисија кога се во прашање избори за Совет на општина нема цензус па изборот се врши без разлика колку граѓани ќе излезат на гласање.

Во Општина Тетово повторно се организираат локални избори за Совет на Општината бидејќи Советот не успеа во законски предвидениот рок да ја донесе и усвои Завршната сметка за работењето за 2021 година па, според Законот за локална самоуправа, Владата одлучи да се распушти и да се оди на нови избори.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 6 Gusht, 2022 20:01