Франција не смета дека е потребен посредник меѓу Македонија и Бугарија

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:13

Франција не смета дека е потребен посредник меѓу Македонија и Бугарија

Нема потреба од олеснувач во разговорите меѓу Македонија и Бугарија. Ова е ставот на францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, според кого во моментов меѓу двете земји исполнет е условот од политичка волја и капацит за разговори, а она потребно е постигнување на договор. Она што Франција и другите европски држави можат да го направат околу македонско-бугарскиот спор е кога ќе биде постигнат договор поинтензивно да работат тоа да заврши со усвојување на преговарачката рамка за земјава.

ПРАШАЊЕТО ЗА ПОСРЕДНИШТО НЕ Е НА МАСА, ОД ПОВЕЌЕ ПРИЧИНИ. ЗОШТО? ЗАТОА ШТО НЕ ТРЕБА ПОСРЕДНИШТВО. ЗАТОА ШТО ВО АКТУЕЛНИТЕ УСЛОВИ НЕ ТРЕБА ТРЕТА СТРАНА ЗАТОА ШТО ДВЕТЕ СТРАНИ ТРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ПОСТОИГНУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГ. ЗАТОА ШТО ЕДИНСТВЕНО НЕШТО ШТО ПОСАКУВАМЕ Е КОЛКУ ШТО МОЖЕ ДА БИДЕМЕ КОРИСНИ ЗА ДА СЕ ИСПОРАЧААТ РЕЗУЛАТИ ЗА ОВАА ВАЖНА ТЕМА“, ИЗЈАВИ СИРИЛ БОМГАРТНЕР, АМБАСАДОР НА ФРАНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Бомгартнер за немањето конкретен датум за старт на преговорите за земјава во рамки на приоритетите на неговата земја, појасни дека тоа е одраз на актуелната состојба, но оти тоа не значи дека не постои волја тоа да се направи.

„ВОЛЈА ИМА И САКАМЕ ДА НАПРАВИМЕ СЕ ШТО Е МОЖНО ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ДА СЕ ОТВОРАТ КОЛКУ ШТО Е МОЖНО ПОБРЗО“, ВЕЛИ БОМГАРТНЕР.

Бомгартнер кој денеска за медимуите ги презентираше приоритетите на францускотот претседателство со Европската унија во идните шест месеци, се дообјасни за формулацијата употребена во приоритетите во делот на Западниот Балкан, каде регионот е вброен како географска зона од „соседство“. Според Бомгартнер тоа е само терминологија, која не ја менува суштинската позиција на регинот кој еден ден ќе биде дел од ЕУ.

„ИМА САМО ЗОНА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН КОЈ ШТО ИМААТ ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА КОЈАШТО Е ЈАСНО ПОДДРЖАНА И НИКОЈ НЕ ЈА ОСПОРУВА“, РЕЧЕ БОМГАРТНЕР.

На помош на францускиот амбасадор во расчистување на сомнежите дека неговата земја не сака да ја смени европската политика кон регионов, му пристапи евроамбасадор во земјава.

„БИДЕТЕ УБЕДЕНИ ДЕКА НИШТО НЕ Е СМЕНЕТО. ОДНОСИТЕ СО ЗАПАДЕН БАЛКАН И СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВААТ ВО ИСТАТА РАМКА, ВО РАМКАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА И ОПРЕДЕЛБАТА ЗА ЧЛЕНСТВО“, ИЗЈАВИ ДЕЈВИД ГИР, АМБАСАДОР НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА.

И двајцата амбасасори од зедничката пре-конференција денеска ги охрабрија Скопје и Софија да ги продолжат напорите да ги решат отворените прашања, при што Бомгартнер во посетата на бугарскиот премиер на Македонија идната недела гледа охрабрувачки знак за тоа.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 14 Janar, 2022 21:13