Чави: Две загубени титули се два тешки удара

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 21:05

Чави: Две загубени титули се два тешки удара

Тренерот на Барселона, Чави ги сподели своите размислувања по натпреварот со Атлетик (2:3, продолженија) во 1/8 финалето од Купот на Шпанија.

– Две загубени титули се два тешки удара. Мора да продолжиме да се бориме, нема друг излез, рече тренерот.

На прес-конференцијата по синоќешниот пораз Чави беше прашан и што мисли за неуспехот на Барселона.

– Не ми се допаѓа тој збор. Ако е така, тогаш ќе извлечеме поука. Ни остануваат уште две војни за да се бориме до крај, Ла Лига и Лига Европа, одговори Чави.

Покрај Атлетик, синоќа место во четвртфиналето во Копа дел Реј обезбеди и Реал Мадрид.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 21:05