Јовески лоцирал грешки и пропусти за претресот во Финансиска полиција – Русковска му одговри дека нема надлежност да и се меша

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:05

Јовески лоцирал грешки и пропусти за претресот во Финансиска полиција – Русковска му одговри дека нема надлежност да и се меша

По препукувањата на релација Финансиска полиција – Обвинителство за организиран криминал, пресече државниот обвинител Јовески . Јавно објави дека претресот што тимот на Русковска го правеше во Управата предводена од Арафат Мауреми има низа недостатоци.

Судскиот налог со кој влегле обвинителите да вршат претрес го добиле со погрешни податоци. На судијата му претставиле дека има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот имало само анонимна кривична пријава без други докази. Тоа е доволно за поведување на постапка не и за претрес, пишува во соопштението .

ПОКРАЈ ТОА, ВО ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА НАРЕДБА ЗА ПРЕТРЕС СЕ НАВЕДУВА ДЕКА ВО ПРЕДМЕТОТ СЕ ВОДИ ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА, А ПРИ УВИДОТ Е КОНСТАТИРАНО  ДЕКА ВО СПИСИТЕ ПОСТОИ САМО БАРАЊЕ ЗА ПРЕТРЕС И ПИСМО, КОИ СЕ ПРВИ ДЕЈСТВИЈА ПРЕЗЕМЕНИ ВО ПОСТАПКАТА ПО АНОНИМНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА. ИСТО ТАКА, УКАЖАНО Е ДЕКА ОД  СОДРЖИНАТА И НАВОДИТЕ ВО КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА  НЕ ПРОИЗЛЕГУВААТ ДЕЈСТВИЈА ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО – ПРИМАЊЕ НАГРАДА ЗА ПРОТИВЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ (ПО ЧЛ.359 СТ.7 ВВ СО СТ.3 ВВ СО СТ.2 ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК), ВЕЛАТ ОД ЈО.

Ова следува по претставката на муареми кој се жалеше дека претресот е незаконски. Увидот во предметот го извршиле двајца обвинители кои и го известиле државниот обвинител. Јовески констатира и дека ненадлежни обивнители го вршеле претресот. Требало да постапуваат обвнители од одделението специјачизирано за лица со полициски овластувања

ТРОЈЦАТА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОД ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА КОИ ПОСТАПУВАЛЕ ПО ОВОЈ ПРЕДМЕТ, А НЕ СЕ ДЕЛ ОД СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОТО ОДДЕЛЕНИЕ, НЕНАДЛЕЖНО ПОСТАПУВАЛЕ ПО КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА.  ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РСМ УКАЖУВА ДЕКА ПРЕДМЕТОТ ТРЕБА ДА СЕ ЗАВЕДЕ ВО СООДВЕТЕН УПИСНИК И СОГЛАСНО РАСПОРЕДОТ  ДА СЕ ДОДЕЛИ НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ КОЈ Е РАСПОРЕДЕН ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОТО ОДДЕЛЕНИЕ, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА ЈО НА РСМ.​

Јовески бара Русковска да го приспита работењето во овој предмета да ги лоцира пропустите во постапувањето и евентуална одговорност и затоа да го извести . И укажува да дека треба да ги отстранат сите неправилности по предметот  и во иднина да не се дозволат пропусти во постапувањето.

Русковска пак му одговара дека нема законска основа за да и се меша во рабтата и да и укажува како да работи во предметите. Се повикува на законот за јавно обвинителство член 56 ст 4 според кој:

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители на јавните обвинителства не може да донесуваат упатства и насоки кои се однесуваат наработата на конкретни предмети на јавните обвинители

ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ДИРЕКТОРОТ ИМА ПОЛИЦИСКИ ОВЛАСТУВАЊА СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО ГО ИМЕНУВА ВЛАДАТА. ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ПРЕДМЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕЗАВЕДЕ ОД ЕДЕН УПИСНИК ВО ДРУГ И ТОА Е ЗАКОНСКИ. СЕКОГАШ ПРЕДИСТРАГИТЕ ГИ ВОДИМЕ ПОД РО УПИСНИК , ПОТОА СЕ ПРЕЗАВЕДУВААТ ВО ДРУГ УПИСНИК. ЗА ТОА ДАЛИ ИМА ОСНОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НАРЕДБА ЗА ПРЕТРЕС ОДЛУЧУВА СУДОТ А НЕ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ. НИЕ СМЕ САМО СТРАНКА ВО ПОСТАПКАТА. ДОКОЛКУ НЕКОЈ СМЕТАЛ ДЕКА ПРЕТРЕСОТ Е НЕЗАКОНСКИ МОЖЕЛ ДА ВЛОЖИ ЖАЛБА ДО КРИВИЧНИОТ СОВЕТ НА СУДОТ. КОЛКУ ШТО МИ Е ПОЗНАТО, ТАКВА ЖАЛБА НЕ Е ВЛОЖЕНА, ИЗЈАВИ ВИЛМА РУСКОВСКА, ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ОЈО ГОКК.

Соопштението од обивнителството ја изненадило Русковска затоа што до утрово не добила никакво укажување од таму

ЗА ИСТОТО ДОЗНАВ ОД СООПШТЕНИЕТО ОБЈАВЕНО ВО МЕДИУМИТЕ,  ШТО ВООПШТО НЕ Е НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ДВЕ ОБВИНИТЕЛСТВА, ОСОБЕНО НЕ СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОНЕЊЕ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА (ОЈО ГОКК) ЗА ЧИИ ПРЕДМЕТИ НАДЛЕЖЕН Е ОСНОВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ОВА ОБВИНИТЕЛСТО, ДОДАВА РУСКОВСКА.

Анонимна кривична пријава за случајот со финансиска полиција во организиран криминал пристигнала на 3 мај годинава 2022 а обвинителите побарале налог за претрес од судот по два ипол месеци, на 18 јули. Анонимна пријава за Муареми пристигнала и во Аникорушциска. На седницата во петокот антикорупцинерите одлучија расчистувањето да му го остават на обивнителство. Во меѓувреме медиумите објавија з нова кривична пријава портив Муареми од дебарски бизнисмен. Тој рече дека сите напади против него се неосновани и исценирани од ист центар на моќ дали пресметки на центари на моќ. Викендов на совијалните мрежи излезе ауди снимка на која наводно се слуша гласот на Русковска како говори за притворски предмет.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 1 Gusht, 2022 20:05