Ќе има кривично одговорни за пожарот во модуларната болница во Тетово – наскоро ќе биде поднесено обвинението

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:33

Ќе има кривично одговорни за пожарот во модуларната болница во Тетово – наскоро ќе биде поднесено обвинението

За смртта на 14-те лица во пожарот во модуларната болница во Тетово има виновни.

Од Јавното обвинителство потврдија дека е лоцирана кривична одговорност, но дека се уште е во фаза на подготовка обвинителен акт.

Алсат денес објави дека Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице, но од Јавното обвинителство не ги коментираат ваквите објави.

Од таму велат дека следниот период ќе биде поднесено обвинение, но без детали и дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши постапката.

 „ПРЕДМЕТОТ Е ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА. ЛОЦИРАНА Е ОДРЕДЕНА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ. РЕФЕРИРАНО Е ВО ДРЖАВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО И ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА, А КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ЈАВНОСТА ЗА ЛИЦАТА ЗА КОИ Е УТВРДЕНА ОДГОВОРНОСТ. НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ“ – СООПШТИЈА ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.

За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата, а во истрагата покрај 5-темина обвинители, беа вклучени и германски истражители.

Од извршените вештачења беше објавено дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.

Пожарот, во кој изгореа 14 лица, 12 пациенти и две лица придружба, се случи вечерта на 8 септември 2021 година.

На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е во пламен, за три минути.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 13 Maj, 2022 21:33