Двајца мртви, 21 повреден во терористички напад во Осло

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 25 Qershor, 2022 20:34

Двајца мртви, 21 повреден во терористички напад во Осло

Четириесетидвегодишен маж е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство и терористички акт по пукање во центарот на главниот град на Норвешка, Осло, при што беа убиени две лица, а повеќе од 20 се повредени, од нив околу 10 потешко.

Трите напади се случиле околу полноќ во ноќни клубови во центарот на Осло. Се пукало во Лондон паб, популарно место за ЛГБТК+ заедницата, потоа во близина на џез-клубот Хер Нилсен и уште еден паб. По препорака на полицијата годишната парада на гордоста во Осло, која требаше да се одржи денеска, е откажана.

„Наскоро повторно ќе бидеме горди и видливи, но денес ќе ги споделиме нашите прослави на гордоста од дома“, се вели во соопштението на веб-страницата на Осло Прајд. Од полицијата велат дека постои причина да се сомневаат дека ова можеби е злосторство од омраза“.

Осомничениот за нападот е норвешни државјанин кој имал иранско потекло. На местото на инцидентот полицијата пронашла две оружја, од кои едното е автоматски пиштол. Полицијата соопшти дека после нападот привремено ќе бидат вооружини сите тимови за итни интервенции.

  • Што се однесува до осомничениот, тој е норвешки државјанин, по потекло од Иран. Тој и е познат на полицијата, но не по големи работи. Некои прекршоци во помали размери, така да се каже, во споредба со она со кое се соочуваме денес – Кристијан Хатло, полициски адвокат .
  • Извршивме претреси на различни адреси каде запленивме разни предмети за кои се надеваме дека можат да фрлат повеќе светлина на случајот- Торе Барстад, портпарол на полицијата.

„Страшен и длабоко шокантен напад врз невини луѓе“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Тој ја изрази својата солидарност со ЛГБТК заедницата, порачувајќи „Ние сме со вас“. Поранешната премиерка Ерна Солберг го опиша чинот како „напад врз љубовта“ и врз слободата да сакаш кого сакаш.

  • Ова е многу мрачен ден во сончевиот Осло затоа што очекувавме жива и ентузијастичка парада низ нашите улици на луѓе кои ја слават Прајд по три години пандемија и други застоји. Наместо тоа, имаме мрачен ден каде терор го погоди Осло оваа ноќ. Се покажува дека ова е напад од екстремен исламист- Јонас Гар Стоере, норвешки премиер.

Сведоците раскажуваат дека го виделе напаѓачот како од торба бади пиштол и отвора оган. Дел од повредените се здобиле со исеченици по рацете и нозете од скршено стакло. На почетокот, кога настанал метежот, во овој најфреквентен дел од од градот, сведоците мислеле дека се случува тепачка но, потоа сфатиле колку е сериозна ситуацијата.

  • Беше навистина многу чудно бидејќи сите почнавме да ги проверуваме нашите мобилни телефони. Целата атмосфера на забавата престана. Одеднаш не можевме слободно да се движиме. Мислам дека сите го поставија прашањето: Што се случува сега? Мојот телефон и сите други почнаа да ѕвонат, сите добиваа пораки. Што се случува? Луѓето почнуваат да ги проверуваат вестите. Што се случи? Тогаш сфатив дека сега очигледно се случува нешто што е многу посериозно отколку што некој очекуваше- Николај Берге, сведок.
  • Кога влегов во барот Цезар имаше многу луѓе кои почнаа да бегаат и имаше многу врескање. Тогаш помислив дека има тепачка таму, па се повлеков. Но потоа слушнав дека се работи за пукање и дека имаше некој што пукаше со автомат- Маркус Нибакен, сведок.

Норвешка е релативно безбедна земја, но доживеа насилни напади од десничарски екстремисти. Во едно од најлошите масовни престрелки во Европа во 2011 година, вооружен маж уби 69 луѓе на островот Утоја, откако активираше бомба во Осло, во која загинаа осум лица. Во 2019 година, уште еден десничарски екстремист ја уби својата сестра, а потоа отвори оган во џамија, но беше совладан пред некој биде повреден.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 25 Qershor, 2022 20:34

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare