ДУИ: Протестите открија кој е за, а кој против ЕУ

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 8 Korrik, 2022 13:34

ДУИ: Протестите открија кој е за, а кој против ЕУ

Демократската унија за интеграција цени дека насилните протести деновиве се објективен одраз на тенденциите за дезориентација на земјата од европскиот пат, јасно демаскирање на регресивните сили кои не штедат средства да ја спречат земјата во остварувањето на сонот за европска интеграција.

Во решавачките моменти за доброто на земјата и граѓаните, ДУИ заедно со коалициските партнери е силно позиционирана на страната за стабилност и напредок на земјата, без друга алтернатива, онаa за партнерство со Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Секое изразување на насилство не може да ги исплаши граѓаните со кои заедно во овие две децении ги изградивме темелите на здравото општество преку, Охридскиот договор за еднаквост и меѓусебно почитување, Договорот од Преспа кој ни ги отвори вратите на НАТО и решавањето на спорот за автокефалноста на Православната црква.

Денес, сме соочени со предизвикот дали сме за Европската унија или против неа, а протестите тоа веќе го разјаснија.

Група регресивни партии кои беа против каков било напредок продолжуваат да останат лојални на политики кои во суштина се антиевропски, анти-НАТО, против соживотот и го користат секој механизам, оној на насилство и пропаганда, создавајќи конфузија и лажни впечатоци за францускиот предлог кој овозможува деблокирање на нашиот европски пат.

По сите тие напори и тој скептицизам демантиран со големи достигнувања,  Демократската унија за интеграција апелира до сите граѓани да се позиционираат во прогресивниот и проевропскиот табор, бидејќи предлогот поддржан од 27-те земји членки на ЕУ не го нарушува националното достоинство и нивниот јазичен, културен и историски идентитет.

Време е да застанеме заедно за триумфот на праведната кауза на интеграцијата на земјата во ЕУ!

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 8 Korrik, 2022 13:34

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare