Загинати луѓе, урнати објекти- експлозија во рударскиот регион во Гана

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 21:00

Загинати луѓе, урнати објекти- експлозија во рударскиот регион во Гана

Експлозија во западниот дел на Гана во четвртокот срамни со земја стотици згради кога камион кој превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл. Има загинати, но нивниот број не е познат.

Сеџи Саџи Амедону, заменик генерален директор на Националната организација за управување со катастрофи, рече дека се уништени 500 згради.

На жителите им е препорачано да ја напуштат областа заради нивна безбедност и да заминат во околните градови, се вели во соопштението на полицијата.

Од блиските градови е побарано да ги отворат јавните простори, вклучително училници и цркви за сместување на преживеаните.

Експлозијата се случи во Апиате, меѓу градовите Богос и Бауди, кога мотоцикл влетал под камион кој превезувал експлозиви во сопственост на компанијата „Максам“ во рудникот за злато „Чирано“, управуван од „Кинрос“ од Торонто.

Портпаролот на „Кинрос“ го потврди инцидентот, велејќи дека се случил на 140 километри од рудникот.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо на Твитер објави дека е информиран за инцидентот и потврди дека има мртви.

„Тоа е навистина…трагичен инцидент и во име на владата изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, рече тој.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 21 Janar, 2022 21:00

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare