Радев утре ќе додели мандат за нова влада

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 30 Qershor, 2022 21:14

Радев утре ќе додели мандат за нова влада

Бугарскиот претседател Румен Радев, најдоцна до утре попладне, ќе му врачи мандат на кандидатот за премиер од партијата „Продолжуваме со промените“, за формирање на влада во рамки на сегашниот парламент.

Партијата на досегашниот премиер, Кирил Петков е со најголем број на мандати во бугарското Собрание, што значи дека тој повторно ќе има прилика за составување на Влада по недовербата што му беше изгласана во текот на минатата недела.

Петков најави оти неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов која ја урна досегашната владеачка коалиција. „Ако успееме да обезбедиме 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкулисните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ““, рече неодамна Петков.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 30 Qershor, 2022 21:14

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare