ССМ се подготува за штрајк откако Владата по втор пат им ја откажа средбата на која требаше да се разговара за минималната плата

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 24 Janar, 2022 20:09

ССМ се подготува за штрајк откако Владата по втор пат им ја откажа средбата на која требаше да се разговара за минималната плата

Синдикалците се спремаат за штрајк откако владата по втор пат ја одложува средбата со нив. Сега им ја презакажа за идниот понеделник. Требаше да се договараат  за покачување на минималната плата која синдикатот бара да биде 18.000 денари и да се усогласат и останатите плати нагоре. Владата веќе им прати порака дека не планира сега, туку во вториот квартал од  годинава. Синдикалците бараат и К-15 за цел јавен сектор исто како што е за приватниот. Но и продолжување на замрзнувањето на цените кое истекува на крајот на месецов.

Но за бизнисот 18.000 денари минималец се неприфатливи. Велат не прифаќаат наддавање со минималната плата. Туку во март да седнат и да го пресметаат законското покачување, кое според нив треба да биде минимално.

Синдикалците бараат и почитување на недела неработен ден – право кое пак Стопанската комора го оспори пред Уставен суд, па најави дека ќе го повлече но само ако до 18 февруари денот на 100 годишнината на Комората, се елиминираат проблематичните решенија во законот што го кочат редовното работење на компаниите.

Од владата пак нема одговор зошто закажале средба со синдиаклците на датум на кој се знаеше дека владините министри ќе патуваат за Бугарија. Нема ниту одговор дали се прифатливи барањата на синдикатот. Ниту од Министерството за економија нема информација дали замрзнатите цени на дел од основните прехрамбени производи ќе важат и после 31 јануари.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 24 Janar, 2022 20:09

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare