1.254 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 30 Janar, 2022 22:49

1.254 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.082 тестирања, а има 1.254 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 655
  • Битола – 87
  • Куманово – 55
  • Тетово и Кавадарци – по 46
  • Прилеп – 40
  • Велес – 33
  • Штип – 31
  • Струмица – 30
  • Гевгелија – 29
  • Гостивар – 25
  • Неготино – 23
  • Кичево и Свети Николе – по 19
  • Охрид и Кочани – по 17
  • Ресен и Крива Паланка – по 12
  • Богданци – 9
  • Виница – 8
  • Струга – 6
  • Радовиш и Дебар – по 5
  • Делчево – 4
  • Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3
  • Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2
  • Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 од Прилеп (72г и 82г) и по едно од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 14
  • Кочани – 5
  • Богданци – 3
  • Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 30 Janar, 2022 22:49

Marketing Politik - Çmimore

Presidenciale | Parlamentare