10 илјади евра авионски билет Москва-Белград

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:20

10 илјади евра авионски билет Москва-Белград

Финска внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија и одбранбени сили се добро подготвени, изјави денеска финскиот министер за одбрана Анти Каиконен, кој додава дека воената состојба е стабилна и мирна.

Засилен сообраќаен промет од Русија кон источната граница на Финска, се случи откако рускиот претседател Путин нареди мобилизација на 300.000 резервисти, по што бројот на влезови во Финска е значително се зголемен.

Објавата на Путин, вчера наутро во телевизиско обраќање беше поттик дел од машката популација во Русија да ја нашушти земјата во страв дека тоа нема да можат да го сторат следните денови. Па и денеска распродадени се сите летови од Русија, а цената за лет на релација Москва – Белград во еден правец порасна од 300 на 10.000 евра. Српските медиуми бараат одговори од експертите како е можно тричасовен лет во економска класа да чини 10.000 евра. Еспертите велат дека во самата цена на авио картите влегуваат многу трошоци, а тука е и факторот време односно кога е купена картата.

ВО ОВОЈ МОМЕНТ СЕКАКО НЕКОЈ КОЈ ИМА ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЌЕ МОЖЕ ГИ ПЛАТИ ТИЕ НЕВИДЕНИ ЦЕНИ, НО ВО САМАТА ЦЕНА НА АВИО КАРТИТЕ ВЛЕГУВААТ МНОГУ ТРОШОЦИ, ВЕЛИ ЈЕЛЕНА БАНАЦ, ЕКСПЕРТ ВО ВОЗДУХОПЛОВНАТА ИНДУСТРИЈА .

Летовите на двата европски превозници кои се уште летаат од Москва на Ер Србија и Туркиш Ерлајнс се распродадени во следните неколку денови. Тоа се единствените конекции на патниците од Русија со европскиот контиент, бидејќи со воведувањето на санкциите кон Москва останатите авиокомпании ги запреа летовите..

Голем број Руси денеска долетаа во Ерменија бдејќи не сакаат да бидат мобилизирани. Не се жалат на цени на авиобилетите кои се искачија до небо, бидејќи, велат дека навреме се подготвиле за ова сценарио. Летовите брзо се полнат поради стравувањата дека границите на Русија наскоро би можеле да бидат затворени.

НЕ БИ ГО НАРЕКОЛ ПАНИКА – БЕВМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ОВА СЦЕНАРИО. БИЛЕТИТЕ НЕ ЧИНАТ ПРЕМНОГУ БИДЕЈЌИ ВЕРОЈАТНО БЕВ ДОВОЛНО БРЗ, И ДОБРО ЈА ПОМИНАВМЕ ГРАНИЦАТА – ЕДНОСТАВНО ПОМИНАВМЕ И ОДЛЕТАВМЕ, ИЗЈАВИ РУСКИОТ ДРЖАВЈАНИН СЕРГЕЈ.

Во Норвешка не се забележани промени во бројот на влезови од Русија, соопштува тамошната полиција.

Redaksia
Publikuar nga Redaksia 22 Shtator, 2022 20:20