Гостивар и Врапчиште: „VERDE VITA“ го следи користењето на државните ресурси за време на локалните избори
Организацијата на граѓанското општество „VERDE VITA“ со седиште во Гостивар ја известува јавноста за започнување на нов проект кој се фокусира на мониторинг на користењето на административните ресурси за време на локалните избори 2025 во општините Гостивар и Врапчиште. Целта на проектот е зајакнување на демократското управување и промовирање на изборната транспарентност во двете стратешки општини од регионот на Полог.
Главната цел на проектот, според претставниците на „VERDE VITA“, е да придонесе кон интегритетот, правичноста и транспарентноста на локалните избори, преку следење на секоја можно злоупотреба на јавните ресурси, вклучувајќи возила, простории, персонал или други државни средства за време на изборниот период и пред изборите.
Специфичните цели на проектот вклучуваат:
- Идентификување и документирање на можни случаи на злоупотреба на административните ресурси.
- Навремено известување за наодите во согласност со упатствата на IFES.
- Вклучување на локалните институции, политичките актери и граѓанското општество во дијалог за изборната транспарентност.
- Зголемување на свеста кај граѓаните и локалните медиуми за влијанието од злоупотребата на административните ресурси.
- Презентирање на научени лекции и препораки за подобрување на изборните практики во иднина.
Главните активности на проектот вклучуваат: реkrutирање и обука на локални мониторери, следење на јавните институции и изборните настани, периодично известување и координација со IFES, состаноци со младите од политичките партии, дистрибуција на резултатите преку локалните медиуми и социјалните мрежи, како и подготовка на финален сеопфатен извештај со препораки.
Проектот ќе ги вклучи локалните институции, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и граѓаните на општините Гостивар и Врапчиште, вклучувајќи околу 80.000 жители и 65.000 регистрирани гласачи, со цел засилување на довербата во демократските процеси и активното граѓанско учество.
„Овој мониторинг базиран на заедницата има за цел да спречи злоупотреби на административните ресурси, да промовира еднаква конкуренција на изборите и да ги зајакне демократските институции на локално ниво“, изјави претставникот на „VERDE VITA“.

















