Еве како ќе изгледаат 120-те нови полициски возила
Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени високо посветеноста и работата на Министерството за внатрешни работи, честитајќи им на раководството и вработените за успешно реализиран проект за подобрување на капацитетите на ова министерство.
„Не би имал што повеќе да додадем на она што го рече министерот. Сакам да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето што го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка и проект, и она што е многу важно за мене е тоа што се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти, потенцирајќи дека безбедноста и борбата против криминалот и корупцијата се главните приоритети на извршната власт. Министерството за внатрешни работи е неизоставен дел од овој процес.
„Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме овие проекти, затоа што цениме дека безбедноста и чистењето на криминалот и корупцијата во државата се нашиот најголем приоритет“, додаде премиерот.
На крајот, Мицкоски им се заблагодари на сите учесници во проектот и посака новите возила да се користат колку што е можно помалку, што би значело намалување на криминалот. „Им се заблагодарувам на сите вработени, на министерот и на сите единици што учествуваат во овој проект и посакувам, условно кажано, тие да се користат што е можно помалку, што ќе значи помалку криминал и криминалци. Затоа, уште еднаш, среќно!“, заклучи Мицкоски. Flaka
















